Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија гласа, утрово забележани проблеми на четири избирачки места

Македонија гласа, утрово забележани проблеми на четири избирачки места
Освен неколку помали проблеми на четири избирачки места во Кратово, Крива Паланка, Штип и Струмица, сите избирачаки места каде што има набљудувачи од Граѓанската асоцијација „Мост“ утрово во седум часот се отворени, информираше претседателот на „Мост“, Дарко Алексов. -Гласачко место 1720 во општина Струмица е отворено навреме, но набргу по отварањето имало прекин на гласањето поради тоа што изборниот одбор увидел дека постои вишок од 33 гласачки ливчиња.Општинската изборна комисија извршила увид на самото избирачко место при што е констатирана грешка во сериските броеви и дадена е препорака истото да биде забележано во записникот по што гласањето продолжило. -Гласачко место 0957 во општина Крива Паланка е отворено со задоцнување од еден час поради снег. -Гласачко место 0925 во општина Кратово е отворено во 07.30 часот и на ова гласачко место е забележано читање на глас на имињата на гласачите. -Гласачко место 2295 во општина Штип е отворено во 7 часот, но било прекинато во 7.15 поради тоа што пред објектот на гласачкото место имало билборд на политичка партија.ОИК во соработика со пожарникарите го отстраниле пропагандниот материјал и гласањето продолжило во 7.45. „Мост“ има 3.200 набљудувачи кои покриваат 50 отсто од вкупно 2.976 гласачки места. Оттаму информираат и дека дополнително активни се и мобилни тимови кои ќе ги покриваат останатите 50 отсто од гласачките места низ земјава. Право на глас имаат 1.743.403 граѓани Изборите се спроведуваат во 80 општини и градот Скопје, а право на глас имаат 1.743.403 граѓани, кои ќе гласаат на 2.976 гласачки места. Општина со само три избирачки места е Вевчани каде треба да гласаат 2.055 граѓани, додека Куманово има најмногу запишани гласачи во избирачкиот список - 88.708 кои треба да гласаат на 128 места. Најголем број избирачки места има општина Битола - 152,  каде право на глас имаат 81.000 граѓани. Вчера гласаа раселените лица, болните, армијата и лицата од казнено-поправните домови Своето право на глас еден ден пред официјалиниот почеток на изборите можеа да го искористат лицата од казнено-поправните домови или вкупно 1.446 избирачи. Право на глас имаа 136 избирачи со статус на внатрешно раселени лица, лицата што се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и немоќните и болните лица кои претходно доставиле вакво барање до општинските изборни комисии.
Слично

Поврзани вести