Македонија ги потпиша договорите со кои добива удели во терминалот и гасната централа во Александруполи
Македонските акционерски друштва „Електрани на Северна Македонија“ и „Национални енергетски системи“ денеска ги потпишаа договорите со кои ќе се стекнат со удел во терминалот и гасната централа Александруполи каде нашата земја ќе стане стратешки снабдувач на природен гас од САД и Блискиот Исток во регионот, но и делумен сопственик на уште еден извор на електрична енергија.
Меморандумите се потпишани помеѓу „НЕР АД“ Скопје и „Елени Асмина Копелозу“, како и „АД ЕСМ“ и „Гастрејд“ односно „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ“.
- Ќе ги намалиме трошоците за енергија и ќе ја зголемиме конкурентноста на бизнис-заедницата. Ќе понудиме поволни услови но и нашпе знаење во изградбата на постројката, рече извршниот директор на Копелузос Груп, Христос Копелузос
Заменик-претседателот на Гастрејд, Коститс Сифнеос, додаде дека ваквите иницијативи значат светлина на крајот на тунелот и упати благодарност до македонската страна за упорната и посветената работа за да се дојде до овие договори.- Терминалот за енергија го започнавме пред 10 години, сега е созреан да биде активиран, тоа е уникатен проект за цел Балкан и Југоисточна Европа. Нуди безбедност, диверзификација, конкурентни опции и пристап до светските извори на енергија., Ќе работи комплементарно со други инфраструктури за гас. Поддржан е од Романија, Србија, САД и ЕУ, бидејќи нуди опции и алтернативи, истакна Сифнеос.
Според министерот за економија Крешник бектеши, со оваа прекугранична инфраструктура Македонија станува стратешки играч и снабдувач во регионот.
- Терминалот на течен природен гас и гасната централа се клучни проекти за развој на енергетскиот сектор, односно за домаќинствата, индустријата, сообраќајот и за производството на струјата. До 2050 гасот и обновливите извори на енергија ќе го заменат јагленот, подвлече министерот.
За вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ова е историски ден, а владата превзема храбри чекори кон сигурен, еколошки и конкурентен енергетски систем.
- Со оваа соработка ќе се утврдат условите со кои НЕР и ЕСМ ќе добијат удели во терминалот и гасната централа. Ќе се продава гас во Косово, Албанија и Србија преку Македонија. Тоа ќе биде гас од САД и Блискиот Исток, рече Битиќи.
