Македонија ги очекува новите цени за горивата – во САД едно литро бензин се продава за 30 денари
Регулаторната комисија за енергетика денес треба да излезе со новите цени за горивата во земјава кои според експертите ќе бидат значително намалени, а според некои прогнози цената на некои од енергенсите ќе падне под педесет денари за литар.
Ваквите прогнози доаѓаат по минатонеделните движења на вредноста на црното злато на светските берзи каде беше забележан најголем пад на цената на нафтата од 2009 година.
Цените на бензиските пумпу во САД ги достигнаа најниските вредности од април 2009 година и паднаа за речиси 27 проценти.
Според најновите малопродажни цени на горивата во САД цената за едел литар најниска класа бензин изнесува 58 центи или околу 30 денари.
Најскап бензин се продава во Сан Франциско за цена од 2.66 долари за галон, а најевтин е во Ново Мексико каде еден галон се продава за 1.76 долари.
Аналитичарите сметаат дека цените на бензините во САД ќе продолжат да паѓаат имајќи го предвид зголеменото производство на нафта во земјата како и големите залихи наспроти намалената побарувачка за црното злато во светски рамки.
Слично
