Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија ги доби првите 110 милиони евра од ММФ

Македонија ги доби првите 110 милиони евра од ММФ

Македонија ја добива првата транша од 110 милиони евра од последното одобрено задолжување кај Меѓународниот монетарен фонд од 530 милиони евра  преку Инструментот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ), објави Министерството за финансии.

Претходно Одборот на директори на ММФ го одобри заемот за Македонија во рамки на Инструментот за претпазливост и ликвидност.

Според министерството, средствата се за справување „со шокот кој доаѓа од надвор, за поддршка на граѓаните и компаниите и стабилност во снабдувањето со храна и енергенси“.

Овие 110 милиони евра ќе бидат повлечени веднаш и ќе се користат до крајот на оваа календарска година, а следната транша од 155 милиони евра ќе се користи во текот на 2023 година. 

Од министерството додаваат дека останатиот дел се обезбедуваат само како превентива и резерва на земјата.



Слично

Поврзани вести