Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија едвај доби ,,прелазна оценка” за соработката со Германија

Македонија едвај доби ,,прелазна оценка” за соработката со Германија

Германија ја намали оценката за билатералните политички односи со Македонија. Од јуни оваа година, Берлин соработката со Македонија ја опиша како „задоволителна".

Ова е сериозна порака кон властите во земјава и не говори добро за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, пишува Дојче веле.

Во германското министерство за надворешни работи одбиваат да коментираат или да објаснат што значи оценката „задоволителни“. Портпаролката во Берлин упатува да се прочита целиот текст и од него да се влечат заклучоци.

Инаку, ако се анализираат претходните соопштенија за билатералните односи од германските власти се гледа дека Македонија прв е толку ниско оценета.

Во 2012 година на пример, Берлин ја оценил соработката со македонија како ,,добра", а во 2014 ,,со особено добар квалитет", па дури и како ,,блиска и пријателска", пишува на страницата на германското МНР во делот на поглавјето „Проширување на ЕУ“.

Слично

Поврзани вести