Македонија е во жолта фаза, не се изложувајте на сонце
Македонија денеска е во жолта алертна фаза.
Максималните температури во целата држава е бидат над 32 Целзиусови степени, а долж Повардарието ќе изнесуваат 39 степени.
„Граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при подготовката и консумирањето на храната. На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија“- стои во соопштението од Министерството за здравство.
Утре ќе има значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни кон сабота, особено во северните делови. Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата. За викендот ќе биде променливо облачно, ветровито и доста посвежо време со локални врнежи од дожд.
Стабилиизрање на времето се очекува од понеделник.
