Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија е трета на листата најсиромашни земји!

Македонија е трета на листата најсиромашни земји!
Македонија е трета на листата најсиромашни земји, покажуваат податоците на Евростат. Посиромашни од Македонците се само жителите на Албанија и Босна и Херцеговина, а малку подобро од нас се живее во Србија и Црна Гора. Македонија има БДП по глава на жител кој е 65% под европскиот просек. Полошо од Македонците живеат само жителите на Албанија, каде БДП по глава на жител е 70% под европскиот просек, а во Босна и Херцеговина БДП по глава на жител е 71% под просекот во Европа. Малку подобро од  Македонија се живее во Србија и Црна Гора. Односно српскиот БДП по глава на жител е 64% под европскиот просек, а во Црна Гора е 59% под просекот во Европа. Од земјите членки во Европската Унија, најлошо се живее во Латвија, Хрватска, Романија и Бугарија. Тие се на дното на листата, односно имаат најмал БДП по глава на жител, далеку од европскиот просек.
„Хрватска – има БДП кој е околу 38 % под просекот на Европа, а Латвија има БДП кој е околу 36 % под европскиот просек. Но, според податоците изминативе три години двете земји имаат благ раст на БДП по глава на жител“
Турција која е земја -кандидат за членство во Унијата, има БДП по глава на жител кој е повисок од Бруто -домашниот производ по глава на жител од земјите членки на ЕУ односно од   Романија и Бугарија. Токму во тие две земји се живее најлошо од сите земји членки на Унијата. Според податоците на Евростат во Романија БДП по глава на жител е 50% помал од европскиот просек, додека пак најмал БДП по глава на жител од змејите членки на Унијата има Бугарија кој изнесува 53% под европскиот просек. Најдобро се живее во Луксембург Луксембург има највисок БДП по глава на жител од сите 37 земји вклучени во споредбата што ја прави Евростат. Односно, Бруто домашниот производ во оваа земја е повеќе од два и пол пати над просекот на ЕУ -28.
„Високиот БДП по глава на жител на Луксембург се објаснува со фактот дека голем број на странски жители се вработени во земјата и на тој начин придонесуваат за нејзиниот БДП , а во исто време тие не се вклучени во на резидентно население,“ се вели во анализата на Евростат.
На листата земји – членки на ЕУ со најголем БДП по глава на жител, следна е Австрија. Австријците имаат 30% повисок БДП по глава на жител во однос на европскиот просек. Трета на листата на земји со највисок БДП по глава на жител е Ирска , каде Бруто-домашниот производ по глава на жител е 29% повисок од европскиот просек.
„Во Холандија, Шведска, Данска и Германија, БДП по глава на жител е повеќе од 20 % над просекот на ЕУ- 28, додека Белгија е околу 20 % над просекот. Жителите на Франција, Велика Британија и Италија имаат БДП по глава на жител кој е до 10 10% над просекот на ЕУ -28.“
Земји членки на ЕУ со БДП по глава на жител под европскиот просек Шпанија има БДП по глава на жител кој е 4 % помалку од европскиот просек, а во Кипар БДП по глава на жител е 8% помал од просекот во ЕУ-28.  Полошо од жителите на Шпанија и Кипар, живеат жителите на Малта, Словенија и Чешка. Таму БДП по глава на жител е околу 15 % под европскиот просек, а во Словачка и Португалија, БДП по глава на жител е околу 25 % под европскиот просек. Грчкиот БДП по глава на жител се намалува 3 години по ред
„Грчкиот БДП по глава на жител е 25 % под европскиот просек, но податоците покажуваат дека тој изминативе години се намалува во континуитет. Во 2010 година грците имале БДП по глава на жител кој бил само 12 % под европскиот просек, во 2011 година бил 20% под европскиот а веќе лани стигнал до 25% под просекот во Европа.“
Полошо од Грците живеат жителите на Литванија и Естонија, каде БДП по глава на жител е околу 30 % под просекот на ЕУ- 28 , додека Полска и Унгарија се групирани на околу 35% под просекот на ЕУ -28. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести