МАКЕДОНИЈА Е СТАВЕНА ВО ИСТА КАТЕГОРИЈА КАКО СРБИЈА И КИНА, ЗЕМЈИ КОИ ТРАДИЦИОНАЛНО СЕ СООЧУВААТ СО ВИСОКИ ТРГОВСКИ БАРИЕРИ: Османи со реакција на царините на Трамп
Воведувањето царини од страна на САД, предизвика лавина реакции во земјава. По тој повод се огласи и Бујар Османи од ДУИ, кој вели дека нашава земја спаднала во земји со традиционално високи царини.
„Нов трговски поредок:
Администрацијата на Доналд Трамп штотуку објави нови царински тарифи за увозот во САД - а еве која јасно е откриена вистинската позиција на Северна Македонија во глобалната економија
Албанија и Косово ќе се соочат со само 10% тарифа
Хрватска (и цела ЕУ) со 20%
Македонија, Србија, Кина со драстични тарифи 33%-37%
Што значи тоа?
Македонија е ставена во иста категорија како Србија и Кина – земји кои традиционално се соочуваат со високи трговски бариери.“ напиша тој.
Слично
