Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија е ниско задолжена земја која е далеку од банкрот

Македонија е ниско задолжена земја која е далеку од банкрот
Македонија е ниско задолжена земја и е далеку од банкрот, потенцира премиерот Никола Груевски во синоќешното новогодишно интервју за Македонската радио телевизија. - Кога ние дојдовме во Владата во 2006-та долгот на Македонија беше речиси 40 отсто од БДП. Во следните две години предвремено се раздолживме и имавме добри економски години. Имаше критики во тоа време дека не е паметно предвремено да се раздолжуваме, но ние мислевме дека тоа ќе ја доведе земјата во една поинаква ситуација. Со тоа раздолжување стигнавме до 25 отсто државен долг. Тогаш никој од нас не знаеше дека следува европска и светска криза. Но, тој потег ни беше од голема помош за времето на криза. Кога земјите се бореа со долгови, кога бараа начини да излезат од тоа, ние имавме 25 отсто долг, рече Груевски, додавајќи дека во најтешката криза во 2009-та Македонија имаше трет најмал пад на економијата. Премиерот заклучи дека Македонија не треба да е загрижена за долгот, а тоа што опозицијата сака да дебатира на таа тема, за него е нивни проблем бидејќи се докажува дека тоа не е точно. Груевски истакна дека Македонија денес е земја на вредни и чесни граѓани и земја која има Влада која со сите сили дава максимум да се подобри квалитетот на живот, да се подобри стандардот на населението, земја во која многу нешта се променија на подобро. - Во Македонија многу нешта се придвижија. Се разбира, не можат да се решат сите проблеми, никогаш не сме ветувале чуда, меѓутоа сме ветувале многу конкретни работи и сме останувале доследни. Во најголем дел го исполнивме ветеното. Сме исполниле и повеќе од ветените работи. Македонија е земја и со проблеми на граѓани, со предизвици. На нивно решавање работиме понатаму, рече Груевски.  
Слично

Поврзани вести