Македонија e лидер во Европа по смртност на новороденчиња
Од цела Европа, најмногу новороденчиња умираат во Македонија, покажуваат податоците на Платформата за родова еднаквост и Х.Е.Р.А.
Градови кои се први на листата се Дојран, Берово, Гевгелија и Крушево.
Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека стапката на смртност на новороденчиња непосредно по раѓањето е 14,3 отсто што е на највисоко ниво во Европа и тројно повисоко од Европскиот просек кој изнесува 5,2.
Од Платформата за родова еднаквост велат дека поради малите финансии во голем број општини недостасувааат матични гинеколози и установи, а токму во тие општини бројката на смртност кај новороденчиња е најголема.
Од таму порачуваат дека е неопходно зголемување на буџетските средства за подобрување на услугите во гинеколошките здравствени установи, како и дополнително финансирање за малите општини.
