Македонија е далеку од воведување биткоин
Употребата на виртуелната валута биткоин е многу опасна бидејќи може да креира „меур“ кој што може да остави силни последици, смета гувернерот на Народната банка, Димитар Богов.
„Биткоинот е доста контроверзно прашање и веќе некои земји почнуваат да го регулираат. Поделени се мислењата меѓу креаторите на монетарните политики и се’ уште доминира мислењето меѓу централните банкари дека кај биткоинот има креирање на меур и не е нешто во кое што туку така се влегува бидејќи ризиците се големи“, рече гувернерот.
Во Македонија се’ уште нема информации за користење на оваа вирутелна валута.
Слично
