Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

Македонија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата

Рeпублика Северна Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД инструментот на Европската унија донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата.

Ваквата Одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

„За ваквата одлука истиот ден е известена Европската комисија и службите во Брисел, кои повратно известија и ја поздравија одлуката на Националните структури. Целта е да се обезбеди уверување дека воспоставениот систем гарантира легалност и регуларност на плаќањата од ИПАРД, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција.Во моментот Националните структури за управување на средства од ИПА/ИПАРД инструментот веќе превземаат дополнителни мерки и активности поврзани со актуелните случувања“, велат од Министерството за финансии. 

Македонија од Европската комисија уште од 2009 година го има добиено од правото за децентрализирано управување со средствата од ИПА/ИПАРД инструментот.

Љупчо Николовски од СДСМ денеска објави дека ИПАРД 3 програмата е стопирана и дека илјадници земјоделци се без исплата, по коруптивниот скандал и апсењето на директорот на Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Слично

Поврзани вести