Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија домаќин на студиска средба за проект за имплементација на широкопојасен интернет во руралните области преку модел на ЈПП

Македонија домаќин на студиска средба за проект за имплементација на широкопојасен интернет во руралните области преку модел на ЈПП

Широкопојасниот јаз, како еден од поголемите предизвици за развој и дигитализација во Европа, регионот и Македонија, е на пат да биде решен.

Под капата на PPP4Broadband - проект финансиран преку 4-тиот повик од Транснационалната програма за Југоисточна Европа (ЈИЕ), 12 партнери (претставници на ЕУ-15, како и земји апликанти за влез во ЕУ вклучувајќи ја и Македонија) развија девет модели на Јавно-приватно партнерство наменети за справување со “широкопојасниот јаз” во руралните области на Југоисточна Европа (ЈИЕ).

Центарот за управување со знаење, think-tank организација од Скопје, која работи на подобрување на процесите со управување со знаење во земјата и регионот, е македонскиот претставник во проектот. Преку синергија на експертиза и искуство кое во проектот го носат сите партнери, целта на проектот е да се развијат и понудат транснационални алатки, методологии и водилки наменети за јавни институции како потенцијални учесници во јавно приватно партнерство за широкопојасен интернет.

Како дел од проектот, на 16-ти и 17-ти Септември, 2014 година, Центарот за управување со знаење ќе организира студискa посета во Македонија на која ќе учествуваат претставници од12 партнери од 9 земји инволвирани во проектот, градоначалникот на Македонска Каменица – општината пилот од Македонија, претставници од македонското министерство за информатичко општество, како и претставник од глобалната телекомуникациска компанија, Алкател-Луцент.

На настанот ќе биде презентирано решение за јавно-приватно партнерство во широкопојасен интернет за општината Македонска Каменица. Македонска Каменица е една од четирите пилот општини кои учествуваат во проектот, заедно со Алба Јулија од Романија, Патрас од Грција и Ајдовшчина, Словениjа, а преку кои се верификува валидноста на деветте ЈПП модели, и се отвара пат за нивно натамошно користење во намалување на “широкопојасниот јаз” во руралните области на Југоисточна Европа (ЈИЕ).

Целни групи на проектот се руралните области, регионалните / локалните јавни администрации, приватните даватели на услуги на широкопојасен интернет и пошироката јавност.

Во Македонија, проектот го спроведува Невладината Организација - Центар за Управување со Знаење (www.knowledge-center.org).

Слично

Поврзани вести