Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија домаќин на 36.состанок на Европската банкарска федерација

Македонија домаќин на 36.состанок на Европската банкарска федерација

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија денеска ќе биде домаќин на 36-ти состанок на Европската банкарска федерација.

На состанокот во Скопје ќе учествуваат претставници од 7 земји-придружни членки на ЕБФ (Албанија, Азербејџан, Русија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора,) како и претставници од 7 земји редовни членки на ЕБФ (Австрија, Бугарија, Данска, Италија, Унгарија, Полска и Словенија).

Состанокот ќе го отворат  македонскиот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески  и гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов. Најавени се обраќања и на извршниот директор на Европската банкарска федерација Гвидо Равоети и на  Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија.

Слично

Поврзани вести