Македонија должи 34% или 44% од БДП?
Вкупниот јавен долг на Македонија е над 44% од брутодомашниот производ, тврдат од опозициската СДСМ. Според опозиционерите, досегашните податоци за јавниот долг не се структурирани според Законот за јавен олг и меѓународната методологија.
„Македонија е задолжена со 44% од БДП и сè останато е манипулација на Груевски и неговата влада“, изјави Кире Наумов, СДСМ.
Претседателот на Советот за економски прашања на опозицијата презентираше и документ од Министерството за финансии според кој јавниот долг на Македонија надминува 44% од БДП.
За ВМРО ДПМНЕ, зачудувачко е „непознавањето на работите од СДСМ“.
„Сите економисти знаат дека постојат различни нивоа на долг: државен, јавен со и без НБРМ. Податоците за долгот редовно се објавуваат на веб страната на Министерството за финансии. Само кој знае да чита. Државниот долг на Република Македонија е 34,3% од БДП. Четврт најнизок во Европа. Овие податоци не ги кажува само Владата на Република Македонија, овие податоци ги кажуваат многу релевантни меѓународни институции како што се Светска Банка и ММФ“, стои во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Според последните податоци на Министерството за финансии, заклучно со декември минатата година, дома и кон странство државата должи 2,7 милијарди евра, односно јавниот долг на централната Влада изнесува 34,3% од бруто-домашниот производ.
Слично
