Македонија доби условна препорака – Условот добро познат!
Седмата последователна порака ги отвори вратите на Македонија кон преговорите за членство во Европската унија, соопшти предмалку еврокомесарот за преговори и проширување Јоханес Хан.
Меѓутоа, како што очекувавме препораката која ЕУ ни ја додели е условна!.
Брисел бара целосна имплементација на договорот од Пржино и започнување со реформи по препораките на ЕУ.
Во текот на презентирањето на извештајот на балканските земји , еврокомесарот ја потенцирал корупцијата во Македонија и мешањето на политиката во институциите и покрај усогласеноста со европското законодавство.
„Европската комисија предлага преговори со Македонија единствено под услов да се имплементира договорот од јули и итно почнување со реформи од оваа институција, а со ова прашање ќе продолжиме да се занимаваме по парламентарните избори“, истакна еврокомесарот Хан.
Хан потенцираше за постигнатиот политички договор и излезот од политичката криза, меѓутоа порача дека лидерите на партиите мора да бидат насочени кон приоритетите за истите реформи. Тука ја нагласи и реформата на Охридскиот договор, и реформи за доверба меѓу етничките заедници.
Се' уште трае седницата на Европарламентот.
