Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија доби национален кириличен домен (.мкд)

Македонија доби национален кириличен домен (.мкд)
Од денеска во меѓународниот интернет простор е воспоставен македонскиот национален кириличен домен (.мкд). Со овој домен ќе можат да се регистрираат интернет страници и на кирилично писмо, и тоа опфаќајќи ги и карактеристичните букви од македонската азбука - Љ, Њ, Ѓ, Ж, Ч, Ш, Џ, објасни министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. „Ова претставува и голем чекор напред во битката на Македонија и на македонскиот народ да се избориме со наметнатите неправди од страна на дел од нашите соседи кои континуирано го игнорираат, омаловажуваат и не го признаваат постоењето на македонскиот јазик. Големо достигнување е за нас што успеавме да извојуваме уште една и правна и политичка битка на меѓународен план, но за тоа требаше многу трпение, многу лобирање, напорна работа од страна на сите субјекти вклучени во овој процес“, рече Ивановски. Македонија е петта земја во светот која воспоставува национален домен на кирилица, откако претходно тоа го направија Русија, Србија, Казахстан и Монголија. Институциите очекуваат дека со ова ќе се креираат повеќе македонски содржини на кирилично писмо, фактор којшто го следат многу глобални институции за развојот на информатичкото општество.
Слично

Поврзани вести