Македонија доби 161 милиони евра од историската распределба на ММФ со ниска камата
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ѝ додели нови, околу 133 милиони специјални права на влечење (СПВ), или околу 161 милион евра на нашата земја, коишто денес ќе бидат вклучени во официјалните девизните резерви, соопшти Народна банка.
Од таму за „Сител“ велат дека тие ќе послужат за плаќање стари долгови и за други буџетски потреби со 0,05 проценти каматна стапка. Од Министерството за финансии пак велат дека ќе се покрива буџетскиот дефицит и дека ќе се финансираат одредени проекти кои засега се најпознати
На почетокот на јули Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд одобри распределба на специјалните права за повлекување (СДР) во износ од историски рекорнди 650 милијарди долари, така што распределбата на девизните резерви за 190 земји членки ќе заврши до крајот на август.
Во 2009 година, ММФ распредели СДР резерви од 250 милијарди долари на земјите членки за да помогне во ублажување на ефектите од светската финансиска криза. СДР се девизни средства на ММФ, составени од кошница со валути – доларот, еврото, јенот, фунтата и јуанот. За да можат да го потрошат распределениот износ на СДР, државите прво мора да ги разменат за една од основните силни валути, што бара од нив да најдат земја партнер која е подготвена да разменува.
