Македонија е една од осумте земји во светот каде луѓето најмногу страдаат!
За време на глобалната финансиска криза, страдањето на глобално ниво се зголеми. Според податоциците од анкетата неодамна објавени од страна на Галуп, 14% од светската популација страда во 2012 година, во споредба со 11% во просек пред почетокот на рецесијата.
Во САД, само 4% од испитаниците изјавиле дека се задоволни со своите животи минатата година.
Во некои делови на светот, условите се многу повеќе тешки. Во Бугарија, земјата со најлоши резултати, 39% од населението страдало во 2012 година, според истражувањето на Gallup. Во осум земји, 30% или повеќе од популацијата своето задоволство од начинот на живот го оцениле со четворка или лошо на скалата од 1-10. Овие земји се обременети со болести, екстремна сиромаштија, политичка корупција и вооружени конфликти.
Сирија, која не е единствена на листата со 29% од населението кое страдало во 2012-та е вовлечена во граѓанска војна. Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговата администрација беа обвинети за користење на хемиско оружје.
Во голем дел од земјите со поголемо ниво на страдање, војната не е клучен фактор. Според Јан Соненшеин, аналитичар на Галуп, страдањето може да биде последиц на екстремно незадоволство од локалните власти.
- Во Бугарија, Унгарија и Ерменија, нема граѓанска војна, како во Сирија, но луѓето таму се екстремно разочарани од нивните лидери затоа што немаат забележано никаков напредок, вели Соненшеин.
Ова разочарување од лидерите често е резултат на високото ниво на корупција, објаснува анлитичарот. Во Бугарија тројца од четири граѓани одговориле дека политичките партии во земјата се корумпирани, што е една од највисоките стапки во светот, соглсно извештајот на Транспаренси Интернешнл. Студентите во земјата неодамна предводеа уште еден бран на протести поради продолжението на раст на корупцијата кај власта.
Додека бројката на невработеност не е достапна за сите овие земји, многу од нив ги имаат највисоките нивоа на невработеност во светот. Македонија на пример, имала стапка на невработеност повисока од 30% во 2012г. највисока во целиот свет според ММФ, објаснува аналитичарот. Речиси сите земји кои имаат големо ниво на граѓани кои страдаат имаат и стапка на невработеност повисока од 10%.
Екстремната сиромаштија е исто така фактор во дел од овие несреќни земји. Хаити, на пример, се уште се опоравува од катастрофалниот земјотрес во 2010г.
- Хаити се уште е најсиромашната земја во Латинска Амерока и Карибите. Меѓународната заедница ја влече земјата но слабо и верувам дека ги немаа исполенто своите цели за рекоснтрукција на островот и економијата таму, вели Соненшеин.
Хаити е единствената земја чиј граѓани страдаат со слаба економија. БДП по глава на жител кај четири од осумте земји со највисоко ниво на население кое страда било помалку од $6,000 во 2012. Во Мадагаскар БДП по глава на жител било помалку од $1,000 таа година што е на најниско ниво помеѓу овие осум земји.
А, ова е листата на земји чиј граѓани страдаат најмногу:
8. Иран
- Процент на граѓани кои страдаат : 31%
- БДП по глава на жител: $12,985
- Процента на лица кои ги оцениле властите како корумпирани: 57%
Повеќе од 30% од испитаните иранци тврдат дека се несреќни, оценувајки го со четворка нивниот начин на живот на скалата од 1-10. Последиците предизвикани од економските санкции наметнати врз Иран минатите неколку години веројатно ги искомплицирале работите за оваа земја, смета аналитичарот на Галуп, Јан Соненшеин. Невработеноста во земјата во 2012г. била 12,2% или помеѓу највиоските во светот. БДП во земјата пораснал за 1,9% во 2012г., а проектиран е рсат за дополнителни 1,5% оваа година, што е меѓу најлошото светско ниво. Според Америиканскиот Стејт Департмент, мажите, жените и децата во Иран се предмет на присилен брак, присилна проституција, присилна работа и други видови на експлоатација.
7. Македонија
- Процент на граѓани кои страдаат: 31%
- БДП по глава на жител: $10,465
- Процент на лица кои сметаат дека власта е корумпирана: 51%
Дури 31% од испитаните Македонци одговориле дека не се среќни од својот живот во 2012г. за разлика од 25% во 2011г. Од своето осамостојување во 1991, Република Македонија бореше со конфликт помеѓу Православните Христијани кои се мнозинство во земјата и малцинството на Албанци Муслимани, кои се една четвртина од населението во земјата. Економијата во земјата е во страшна состојба. Како и во 2011г, повеќе од 30% од населението во земјата живеело во сиромаштија, што е еден од највисоките проценти во светот. Македонија ја има најголемата стапка на невработеност од сите земји која според ММФ изнесува 31,3% во 2012г. Земјата исто така има проблем со корупцијата. Според истражувањето на Транспаренси Интернешнл, 77% од населението во Македонија верува дека официјалните лица во земјата и граѓанските служби се корумпирани, а 87% веруваат дека полицијата е крумпирана, што е исто така највисок процент во светот.
6. Мадагаскар
- Процент на граѓани кои страдаат: 31%
- БДП по глава на жител: $945
- Процент на лица кои сметаат дека власта е корумпирана: 57%
Претседателот на Мдагаскар Ендрју Ражоелина изведе државен удар за да ја превзеде власта пред четири години. Ова резултираше со остар пад на странската помош, што во еден период беше 40% од буџетот на земјата. Оваа не стабилна влада исто така предизвика претпазливост кај странските инвеститори. Со БДП по глава на жител помал од 21% од оној во САД во 2012г, Мадагаскар е земја со најсиромашна економија во светот. Во 2012г, повеќе од 75% од жителите на земјата живееле под линијата на сиромаштијата. Во 2011г, границата на живот во земјата беше 63 години и повеќе од едно од секое трето дете под пет годишна возраст беше неухрането, шестати највисок процент во светот. Мадагаскар е исто така една од најмалку безбедните земји во светот. Според истражувањето, шест до десет граѓани не се чуствуваат безбедно да шетаат сами ноќе. Во САД, 25 % од населението го има ова чуство.
5. Унгарија
- Процент на граѓани кои страдаат: 32%
- БДП по глава на жител: $19,496
- Процент на лица кои сметаат дека власта е корумпирана: 27%
Најмногу поради продолжената борба со глобалната економска криза, БДП на Унгарија изнесуваше 1,7% минатата година, што е помеѓу најлошите во светот. Ромите, историски прогонуваното малцинство во многу европски земји, беше 7% од популацијата во оваа земја. Ромите страдаат од широкораспространета сиромаштија и често до насилен начин на дискриминација во изминатите години. Според Соненшеин, последниот потег на властите во Унгарија за уставно ограничување на слободата на медиумите допринесува за страдањето во земјата.
4.Хаити
- Процент на граѓани кои страдаат: 32%
- БДП по глава на жител: $1,229
- Процент на лица кои сметаат дека власта е корумпирана: н/а
Хаити е земја која е честа жртва на природни катастрофи, болести, вклучувајки и урагани, поплави и земјотреси, како оној во 2010 кој беше катастрофален и ја уништи земјата. Епидемијата на колера, веќе четврта година зафати повеќе илјади жители а уби повеќе од 8.000. Некои адвокати од хаити ги обвинија УН дека се виновни за епидемијата не превземајки ги потребните мерки во 2010. Таа година БДП во земјата падна страшно за 5,4%, што е најголем пад во земјите кои се вклучени во истражувањето. Според аналитичарот Соненшеин, меѓународната помош за земјата опаѓа, а земјата ги нема постигнато целите за опоравување.
3. Камбоџа
- Процент на граѓани кои страдаат: 34%
- БДП по глава на жител: $2,395
- Поцент на лица кои сметаат дека власта е корумпирана: 33%
Споредено со долгогодишната војна во Камбоџа, во неодамнешното минато, последната декада за оваа земја беше релативно стабилна. На почетокот на оваа декада, земјата ја поттикна својта текстилна идустрија, земјат исто така се приклучи на СТО во 204. Напредна и во контролата на епидемијата на ХИВ/СИДА. Како и да е, жителите се уште страдаат. Неверојатно, но дури 4 милиони жители се уште живеат со 1,25 долари на ден. 37% од децата во оваа земја се прегладнети. Додека 26% од жителиете рекле дека нивниот живот во 2011 бил сиромашен, таа бројка скокна на 34% оваа година. БДП во земјата е подобрен од 2009 до 2012 но сепак таа е една од најсиромашните во светот.
2. Ерменија
- Процент на граѓани кои страдаат: 37%
- БДП по глава на жител: $5,924
- Процент на лица кои сметаат дека власта е корумпирана: 61%
Во 2012, невработеноста во Ерменија била 19%, една од највисоките во светот. Ова според анализите на светските медиумски центри најмногу се должи на трговските блокади наметнати од Турција и Азербејџан. Нјаголем дел од проблемите на оваа земја се препишуваат на распадот на Совесткиот Сојуз.
1.Бугарија
- Процент на граѓани кои страдаат: 39%
- БДП по глава на жител: $14,102
- Процент на лица кои сметаат дека власта е корумпирана: 55%
Иако Бугарија има незабележително подобрување во однос на минатогодишното истражување сепак, 39% од испитаниците во Бугарија рекле дека страдале минатата година што е најлошо во целиот свет. Во периодот од 2009 – 2012 невработеноста во Бугарија порасна од 6,8% на повеќе од 12%. Повеќе од три четвртини од населението ја оцениле власта како корумпирана, а повеќе од 70% истото го кажале за парламентарците, двата проценти се меѓу највисоките. Бугарија е една од најсиромашните земја во ЕУ, која стана дел од неа поради навидум зголемената борба со корупцијата и организираниот криминал. Според Соненшеин, земјата имала многу големи надежи кога станала дел од ЕУ во 2007, но не многу од нив се материјализирале.
К.К.
Слично
