Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија даде јасен сигнал дека сака да стане дел од европското семејство, тврди Анѓушев

Македонија даде јасен сигнал дека сака да стане дел од европското семејство, тврди Анѓушев

Македонија даде јасен сигнал дека сака да стане дел од европското семејство, расте бројот на странските директни инвестиции, ги изедначивме критериумите за домашните и странските инвеститори, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економски ресори,  Кочо Анѓушев на панелот „Регионална соработка, предизвици и персепктиви“ во рамки на дводневниот Самит на 100 бизнис лидери од Југоисточна Европа, во Белград. 

Според него две работи се важни. Првата дека Македонија е на добар пат со законот за финансиска поддршка на индустријата и на инвестициите, со кој нудиме една брза индустријализација на Македонија.

„Со ова ќе овозможиме најстабилен развој на долг рок. Мислам дека сме тука на добар пат, за што слушннавме доста комплименти и мислам дека имаме добри закони“- изјави Анѓушев.

Вториот предуслов, додаде, за секој инвеститор е стабилна држава и вледеење на правото, а тоа е токму тоа што во моментот, вели, го правиме, интензивно се приближуваме до евроатласките организации.

На Самитот учествуваат над 200 најистакнати деловни лидери од Србија, Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија и претставници на државите од регионот.

Слично

Поврзани вести