Македонија без право на глас во ОН поради долг од 24 илјади долари
Македонија на 25 јануари го изгуби правото на глас во Генералното собрание при Обединетите нации поради долг од 24.606 американски долари кон организацијата. Станува збор за неплатени придонеси кон организацијата.
За ова на 12 јануари Генералниот секретар Бан Ки Мун писмено го известил претседателот на Генералното собрание.
Согласно членот 19 од Повелбата на ОН една земја го губи правото на глас ако долгот е еднаков или поголем од износот на придонесите за претходните две години.
Правото на глас им е одземено и на Гренада, Киргистан, Маршалски Острови, Руанда, Тонга, Вануату и Јемен.
Слично
