Македонија барала 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка, Србија ќе испорача
Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека Србија на Македонија ќе и испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка.
Вучиќ ова го кажа во вечерашното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економсата криза околу воениот конфликт во Ураина, јави дописникот на МИА од Белград. Вели дека Србија има доволно количини на пченка, за брашно тип 500, за леб и за сè друго и нема да го ограничи извозот.
„Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Северна Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ“, изјави Вучиќ. Тој кажа дека Украина и Русија се вкупни извозници на пченка од 29 отсто на светското производство, за што има големи нарушувања поради воениот конфликт. Во земјава поскапеа брашното и лебот. Граѓаните деновиве правеа залихи, а воедно купуваа и повеќе брашно од вообичаено. Војната во Украина ќе доведе до сериозни економски последици.
