Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија, Австрија, Унгарија и Србија со заеднички мерки против мигрантите

Македонија, Австрија, Унгарија и Србија со заеднички мерки против мигрантите

Македонија, Австрија, Србија и Унгарија денеска во Охрид ќе потпишат Меморандум за разбирање и за спроведување на потребните мерки за справување со огромниот прилив на бегалци.

Четирите држави ќе ги утврдат и потребните мерки кои ќе ги преземат за справување со бегалската криза.

Документот ќе биде потпишан од министрите за внатрешни работи на Македонија, Австрија, Србија - Митко Чавков, Јохана Микил-Лаитнер, Небојша Стефановиќ, како и претставникот на унгарското МВР Кристина Берта.

Австрискиот министер изјавил дека Виена ќе понуди во Охрид „зголемување на соработката за намалување на бегалскиот бран на Балканот“. Учесниците на средбата во Охрид ќе разговараат и за проблемот со трговијата со луѓе и мерките кои треба да се преземат.

Слично

Поврзани вести