Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија атрактивна дестинација за стопанствениците од Саудиска Арабија

Македонија атрактивна дестинација за стопанствениците од Саудиска Арабија
Одлична бизнис клима која нуди многу поволности за странските инвеститори. Вака стопанствениците од Саудиска Арабија на бизнис форумот во Џеда ги оценија условите за инвестициски влез кои ги нуди земјава. Некои од нив веќе најавија да се заинтересирани да инвестираат во недвижности, а други пак пројавија интерес да влезат во делот на здравството. Владата во своето претставување наголем акцент фрли врз инвестициските можности во областа на туризмот, особено во изградба на ски центри и туристички зони, како и на инвестициите во гасификација. „Владата големо внимание посветува на градење добра бизнис клима и спроведување реформи кои ги подобруваат условите за инвестирање. Доказ за тоа е и рангирањето од Форбс, според кој Македонија се најде на 36 место како најдобра земја за бизнис во светот, што е напредок од 46 места во последните 5 години“, истакна на средбите со инвеститорите премиерот Никола Груевски. Покрај постоечките кои се меѓу најдобро рангираните според гласањето на ФДИ Магазинот на Фајненшл тајмс премиерот најави изградба уште на 14 други слободни економски зони распоредени на територијата на Република Македонија. „Ме восхитија информациите што ги добив, особено тие од премиерот. Почувствувавме колку е атрактивен тој дел од светот, особено за инвестиции. Дознав за бизнис климата во Македонија која е одлична. Добро е да се знае, тоа е привлечна клима за бизнис и како што слушнав ќе можеме да зборуваме со целата делегација“, вели Абдулаф Ал Новаисер. „Мислам дека е едно од најдобрите места за потенцијални инвестиции. Многу е безбедно. Сметам дека Владата прави многу добра работа. Ја имам посетено Македонија повеќе пати и навистина ја гледам разликата секогаш кога ќе дојдам во Македонија“, изјави Абдула Ал Селами. Со бизнис форумот во Џеда заврши посетата на владиниот тим на Кралството Саудиска Арабија.
Слично

Поврзани вести