Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Македонија 2025“ – за подобра економска клима и економска политика

„Македонија 2025“ – за подобра економска клима и економска политика
Македонија нуди најниски трошоци за инвеститорите и одлична високообразована работна сила, има стабилна економија и стабилна политичка атмосфера,  истакна премиерот Никола Груевски, во своето обраќање на Вториот Глобален инвестициски самит во Охрид. Тој додаде дека земјава е ориентирана кон НАТО и ЕУ, а има сериозен прогрес во подобрување на деловната бизнис клима. Ги повтори рангирањата на „Doing Business“, а најави и дека  невработеноста и понатаму ќе остане во главниот фокус на Владата. „Во длабоки преговори сме за склучување аранжман со Светска банка која што ќе оддели 24 милиони евра за поддршка на овој фонд и воопшто на равојот на иновациите во Македонија. Во текот на првите три години, Фондот ќе има буџет од околу 8 милиони евра што е добар почеток“, рече премиерот пред 300 претставнци на познати компании од светот и земјава, кои покрај излагања има и билатерални средби што треба да помогнат во подобрување на бизнис климата во земјата. Според Мајк Зафировски, член на бордот на „Македонија 2025“ кој организатор на настанот во Охрид, целта е да создаде посилна нација преку подобрувањето на економската клима и економската политика. „Нашите цели се едноставни, но и амбициозни,  да привлечеме странски инвестиции во земјата, да работиме со локалните компании и да ги споделиме стекнататите искуства и да го подобриме лидерството на претприемачите и внатре во компаниите“, рече Зафировски. Идејата ја поздравија македонските стопанственици, кои веруваат дека ваквите собири ќе придонесат за подобра соработка меѓу бизнис заедницата во земјата и дијаспората. Компаниите како Мајкрософт, Нокиа, Филипс, Бомбардиер се дел од звучните имиња на самитот кој завршува утре, кога ќе бидат донесени и заклучоцте.
Слично

Поврзани вести