Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија 2025: Странците бараат квалитетни производи и услуги

Македонија 2025: Странците бараат квалитетни производи и услуги
Македонија и Европа сè уште се справуваат со економската криза, која имаше негативно влијание на кредитниот раст, извозот и домашната побарувачка. Сепак, Македонија може да очекува стапка на раст од 2 отсто во 2013, особено како резултат на зголемувањето на странските директни инвестиции, стои во заклучоците од инвестицискиот самит, кој се одржа во Охрид во октомври во организација на иселеничката деловна асоцијација „Македонија 2025“. Инаку, заклучуваат од асоцијатацијата, Македонија се смета за бизнис-дестинација со ниски трошоци, но која нуди развиена инфраструктура, обучена работна сила и стратегиска геолокација. Земјата може да ја унапреди својата конкурентност преку зајакнување на владеењето на правото, подобрување на јавната администрација, како и овозможување на континуиран трансфер на знаења и технологии. Информацискиот и телекомуникацискиот сектор, како и индустријата за преработка на храна, се најнадежни области кои можат да ја зголемат конкурентноста на економијата на земјата. Информацискиот и телекомуникацискиот сектор, како и индустријата за преработка на храна, беа идентификувани како најнадежни области кои можат да ја зголемат конкурентноста на економијата на земјата. Севкупното позитивно искуство на постојните странски инвеститори во земјата ја засили пораката дека Македонија има континуирано подобрување на бизнис климата. Македонија 2025, во тој контекст, може да биде извонредно дополнување и да обезбеди експертиза, знаење и менторство на македонските претприемачи и бизнис лидери, и да понуди пристап до странските пазари за иновативни македонски производи и услуги.СЕАФ и „Македонија 2025“, исто така, објавија и лансирање на СЕАФ Македонија 1, капитален фонд за инвестиции за развојно ориентираните претпријатија во Македонија. Учесниците на самитот заклучија дека доколку има раст во Западна Европа, раст ќе бележи и регионот, а исто така и Централна и Источна Европа, но додаваат дека, сепак, македонските компании треба да бидат подготвени со квалитетни производи и услуги со цел да ја искористат приликата и да се наметнат како силни регионални и глобални играчи.  
Слично

Поврзани вести