Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Македонија 2025“:Политичките несогласувања се кочница на економскиот развој

„Македонија 2025“:Политичките несогласувања се кочница на економскиот развој

Од Одборот на директори на „Македонија 2025“ се загрижени поради продолжувањето на политичката криза.

Тие сметаат дека земјата не смее да го губи времето во политички несогласувања, кои се бариера и кочница на економскиот развој. Според нив, сите политички фактори во земјата треба да се фокусираат на создавање работни места, подобрување на јавните услуги и создавање на еднакви можности за сите граѓани.

„Во време на големи предизвици, луѓето треба да делуваат смирено и да бидат воздржани од чинови кои се штетни за благосостојбата на народот. Придобивките на демократијата, транспарентноста и слободата на говорот треба да бидат насочени кон подобрување на земјата во оние области кои заостануваат во споредба со функционалните демократии кои имаат развиени економски системи и пазари“- пишува во соопштението.

Од „Македонија 2025“ сметаат дека кризата штети на процесот на намалување на невработеноста, промовирањето на извозот и привлекувањето на странски инвестиции во Република Македонија.

Слично

Поврзани вести