Македонец кандидат за советник во Венеција
„Доколку станам советник, тоа ќе претставува огромен успех за мене. Прв пат во историјата на градот Македонец е кандидат за оваа функција, што секако ќе претставува огромен успех за Македонија, но и за нашите луѓе кои живеат во Венеција и околината, вели Љупчо
Македонецот Љупчо Андоновски е кандидат за советник за локалната самоуправа на Венеција и околината. Изборите во Италија ќе се одржат на 31 мај 2015 година.
„Доколку станам советник во градот Венеција и околината, тоа ќе претставува огромен успех за мене. Прв пат во историјата на градот Македонец е кандидат за оваа функција, што секако ќе претставува огромен успех и за Македонија, но и за нашите луѓе кои живеат тука. Станува збор за околу 18 илјади граѓани“, вели Андоновски.
Г-дин Андоновски на Конгрес
Тој е носител на граѓанска листа за советници за градот Венеција. Андоновски е познат бизнисмен кој поседува златара на плоштадот Сан Марко во Венеција. Во моментов работи како „Ловец на бизниси“ (International Business Gateway) и го советува Митрополитот за Италија и Малта. Поради многубројните добротворни акции, тој добива орден Кавалер (Витез на мирот од ореденот на Малта).
Г-дин Андоновски и Луиџи Бруниаро
„Работам и како претседател на невладината организација АНАС Италија за регионот Венеција. Оваа организација се занимава со социјална политика. Поради секојдневните контакти со луѓето, нормално, навлегов и во политичките води. Сега сум претседател на партијaта НЦД (Nuovo Centrodestra) за Венеција, која ја води вице-премиерот и министер за внатрешни работи на Италија, Ангелино Алфано. Сепак, сум носител на граѓанска листата за советници на Венеција, благодарение на мојот труд. Ова значи дека треба да имате огромна човечка и политичка вредност, како и доверба кај граѓаните за да добиете ваква можност. Изборите во општината ќе се одржат на крајот на мај и оттогаш, ќе бидам советник на најбогатиот бизнисмен и иден градоначалник на Венеција, Луиџи Бруниаро“, објаснува Андоновски.
Најважно во животот, за Љупчо, е школувањето кое му го овозможил татко му и дадениот совет „работи, печали и помагај“. Тој сега работи и печали во Италија, каде и е ангажиран во хуманитарни активности. Исто така ја претставува Македонија пред Италијанците и речиси, на месечно ниво, праќа делегации – потенцијални инвеститори во земјава. Тој, заедно со партнер од Италија, инвестира во фабрика за производство на радијатори во Охрид.
Г-дин Андоновски со Сенатор Марио Дела Торо
„Во Венеција отворив центар за уникатни рачни златарски производи каде носам производи од Македонија. Тука ги продаваме и на тој начин, ја шириме македонската култура во светот. Се разбира, горд сум што успеав и да донесам инвеститор во Македонија. Не застанувам тука, односно се повеќе ќе ја промовирам Македонија и нејзините потенцијали пред луѓето во светот. Апелирам тоа да го прави секој Македонец“, вели Андоновски.
Рамка:
Г-дин Андоновски со икона кај Папата
По повод Светскиот ден на лебот, вчера во Ватикан, нашиот Македонец, Љупчо Андоновски лично му подарил рачно изработена икона на Папата Франциско.





