Економија, финансии, бизнис

Контакт

Статистика пресмета колку работниците ги чинат работодавачите

Статистика пресмета колку работниците ги чинат работодавачите
Еден вработен во Македонија во просек на месечно ниво го чини својот работодавач 33.107 денари, покажаа податоците за цената на трудот за 2012 година, што Државниот завод за статистика ги објави вчера. Притоа, најголем месечен просек на издатоците има за работниците во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и тој изнесува 67.748 денари по вработен. Најниска е, пак, во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, каде месечно работникот го чини работодавачот едвај 20.214 денари со сите издатоци. Годишните трошоци за еден вработен во просек работодавачот го чинат 397 279 денари.Притоа трошоците на приватните сопственици се за околу 100.000 денари пониски на годишно ниво во однос на сдругите работодавачи. Така, во фирмите од приватна сопственост просечните годишни трошоци по вработен се 362 154 денари, а во фирмите од останата сопственост - 476 827 денари. Статистиката пресметала дека во 2012 година работниците во Македонија фактички одработеле по 1.995 часа, а цената на одработениот работен час изнесувала 199 денари. Притоа цената на работниот час во фирмите од приватна сопственост е пониска и изнесува 181 денар за одработен час, додека претпријатија од „останата сопственост“ достигнува 239 денари за час.  
Слично

Поврзани вести