Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонецот Јандреоски разрешен по една година на чело на аеродромот на Црна Гора

Македонецот Јандреоски разрешен по една година на чело на аеродромот на Црна Гора


Македонскиот раководител Горан Јандреоски е разрешен од функцијата извршен директор на Аеродром Црна Гора, потврдиле за „Вијести“ од таа компанија.

Според сознанијата на „Вијести“, вршител на должноста директор ќе биде Владан Драшковиќ до избор на нов, а за нов директор потоа треба да биде избран Дамир Гутиќ, потпретседател на Бошњачката партија.

Од аеродромот во Црна Гора беше потврдено дека в.д извршен директор ќе биде Владан Драшковиќ, кој ја врши функцијата помошник директор за комерцијални работи.

„Драшковиќ беше именуван од Управниот одбор на Аеродром Црне, откако претходно денеска на редовната седница беше разрешен Горан Јандреоски од функцијата извршен директор. Управниот одбор во наредниот период очекува раководството да ја забрза модернизацијата започнати процеси во компанијата, а на г. Јандреоски му благодариме за досегашната соработка и му посакуваме среќа и успех во неговата понатамошна работа“, соопштија од Аеродром Црна Гора.

Јандреоски формално ја презеде таа функција на 19 јули минатата година. Кога беше избран за извршен директор на АЦГ, Управниот одбор објави дека Јандреоски е „регионално познат воздухопловен експерт од Северна Македонија со богата професионална кариера“.

Беше директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство во Македонија, но и раководител на повеќе позиции на аеродромот во Скопје.



Слично

Поврзани вести