Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонец уапсен во Хрватска, со нож тешко повредил Србин на брод

Македонец уапсен во Хрватска, со нож тешко повредил Србин на брод

Инцидент на брод во близина на хрватскиот Медулин завршил со тешко повреден 48-годишен државјанин на Србија и притвор за 55-годишен државјанин на Македонија.

Според информациите од Жупаниското државно обвинителство во Пула, нападот се случил на 13 јули. Македонскиот државјанин е осомничен дека со нож повеќепати замавнувал кон главата и стомакот на Србинот.

Нападнатиот маж се обидел да се заштити со раката, при што се здобил со тешки телесни повреди. Инцидентот бил прекинат откако друго лице присутно на бродот успеало да му го одземе ножот на напаѓачот.

Полицијата во Пула поднела кривична пријава, а Обвинителството потоа отворило истрага поради сомнение за обид за убиство.

Поради опасност од бегство било побарано осомничениот да остане во истражен притвор. Жупанискиот суд во Пула го прифатил предлогот и му одредил притвор.

Слично

Поврзани вести