МАКЕДОНЕЦ НА ЧЕЛО НА АЕРОДРОМОТ ВО ЦРНА ГОРА: Горан Јандреоски е избран за нов извршен директор
Горан Јандреоски,
кандидат од Северна Македонија, е избран за нов извршен директор на Аеродромот
во Црна Гора, објави компанијата.
Во соопштението се додава дека Јандреоски има „богато работно искуство во авијацијата“.
„Комисијата, која се состоеше од членови на Управниот одбор на АЦГ и претставник на Министерството за капитални инвестиции, го избра Јандреоски по конкурсот и интервјуто, врз основа на неговата богата професионална биографија“, се вели во соопштението на црногорскиот аеродром.
Наведено е дека Јандреоски бил директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство во Северна Македонија, како и на високи раководни позиции на аеродромот во Скопје.
„Тој има завршено електроинженерство, дипломиран менаџмент на цивилно воздухопловство во Сингапур, како и МБА-диплома на Универзитетот во Дунав Кремс. За време на интервјуто, како приоритети во својот ангажман тој ги навел сертификацијата на аеродромот, оптимизацијата на трошоците на компанијата на двата аеродроми во Црна Гора. Конкурсот за нов извршен директор беше објавен на 5 мај. За оваа позиција, која досега ја извршување В.Д. Огњен Јововиќ, се пријавиле 14 кандидати“, стои во соопштението на Аеродромот на Црна Гора.
Инаку претходно, Јандреоски за прв човек на АЦВ, доаѓа во 2015 година од позицијата менаџер за одржување во ТАВ Македонија, функција која ја обавувал од март 2010-тата година.
Дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј” во Скопје, каде и магистрал во областа на елетротехниката и информациските технологии., со магистерскиот труд насловен како: “Мерни инструменти во опремата за мерење коефициент на триење на полетно слетна патека.
Од февруари до 12 декември 2014 година, бил назначен да работи на проектот за Загребскиот интеренационален аеродром, во делот на имплементацијата на аеродромскиот систем за светлосна сигнализација на полетно-слетна патека, проценка управувана од АДПМ и ТАВ за МЗЛЗ.
Низ својата долгогодишна професионална кариера, Јандреоски,
се стекнал со голем број меѓународни
сертификати во повеќе области од професионалното работење: Сертификатот издаден од ТАВ Академијата за
Услуга фокусирана кон клиентите, Diversity Management Crash Course –
Certificate издадено од Term-Net- Интернационалната мрежа за терминологија
пронаоѓач на European Diversity Management, Виена Австрија, Сертификатите ISO
9001:2008/ ISO 14001:2004/ ISO 10002:2004 издадено од Management System
Solutions, Истанбул-Турција и за систем за управување со безбедноста (SMS) на
аеродроми, издаден од AirEuroSafe, поддршка на имплементацијата на Европско
заедничко небо договор за Западен Балкан во Тулуз Франција. Поседува и
Сертификат за инспектор за национална безбедност на Аеродроми, издаден од
AirEuroSafe.
