Дали се повеќе Македонци ја напуштаат земјата, правец Германија!
За „сина карта“ во германската амбасада во Скопје аплицирале лекари, инжинери, информатичари и економисти.
„Сина карта“ за вработување во Германија се доделува на две групи. Првата е со годишна плата од најмалку 46.400 евра и се однесува на лица кои имаат завршено високо образование во Германија.
Втората е за годишна бруто плата од најмалку 36.192 евра за лица што би прифатиле работа во професии за кои постои недостиг на кадри на германскиот пазар. Во моментот тоа се природните науки, математика, инженери, лекари, академски и други стручни кадри во областа на информатиката и комуникациските технологии, појаснуваат од амбасадата.
Освен бараните квалификации, предуслов за работна дозвола е и работно искуство од најмалку две години во бараната област.
