Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците се повеќе користат платежните картички

Македонците се повеќе користат платежните картички
Обрт од 188 милиони евра бил направен преку платежните картички во јули годинава, покажуваат најновите податоци на НБРМ. Од нив, 162 милиони евра минале преку дебитните картички, додека преку кредитните, вкупниот остварен промет изнесува 23 милиони евра. Заклучно со јули годинава, во Македонија во употреба биле 1,5 милион платежни картички. Од вкупниот број, најголем дел 1,1 милион картички, или 73 отсто се дебитни картички, па следуваат кредитни картички 311 илјади и картичките со кеш-функција кои ги има речиси 60 илјади. Овие бројки укажуваат дека безмалку секој граѓанин на Македонија е задолжен со по една кратичка или, пак, пресметано во однос на вкупниот број на вработени граѓани, тоа би значело дека во просек секој кој заработува и должи по 2-3 картички. Во однос на јануари 2013 година забележан е тренд на пораст на картичките. Така, за седум месеци бројката се зголемила за 43 илјади нови картички. Од јануари до јули бројот на кредитните картички е зголемен за речиси 15 илјади. Во јули, во Македонија имало 23.722 трговци кои работат со платежни картички, а како најкористени трендови се посочуваат American Express, Casys, Diners, EURO Standard, Mastercard, ProCredit и VISA.
Слично

Поврзани вести