Македонците сакаат да работат во Хрватска - Хрватите објавија бројки
Македонските граѓани сакаат да заминат на работа во Хрватска. Оваа балканска земја најмногу сезонци има од Македонија, БиХ и од Србија.
Хрватите ги соопштија овие податоци по одржувањето на онлајн саемот на сезонски работни места „Сезонац.хр“. Тој се одржа од 26 јануари до 4 февруари, во организација на порталот „Мој посао“. Годинава учествуваа 39 работодавци и тоа е зголемување од 56 отсто во однос на лани. Пoсетителите на саемот можеа да се пријават на повеќе од 200 огласи за вработување. Најбарани сезонски работници во Хрватска се: собарка, продавач, келнер, рецепционер и готвач. Вкупно се собрани над 11.000 апликации за огласени работни места.
Секоја година само во туризмот Хрватска има илјадници слободни работни места. Хрватите се селат најчесто во Германија и поради тоа немаат доволно работници.
фото Википедија
