Македонците речиси осум пати помалку платени од Европејците
Работниците во Европа во просек земаат по 24 евра за секој работен час, објави Евростат. Притоа, најмногу заработуваат работниците во Норвешка - дури 48,5 евра на час или двојно повеќе од европскиот просек.
Во Словенија, за работен час се плаќа по 14,6 евра, а во во Хрватска - по 8,8 евра. Во Грција цената на работен час е 13,6 евра.
Од земјите-членки на Унијата, најмали се платите во Бугарија. Таму работник заработува по 3,7 евра на час. Македонија е дури и под ова ниво. Така, според податоците на Државниот завод за статистика, работниците во земјава заработуваат само по 3,2 евра за работен час или речиси осум пати помалку од европскиот просе, а дури 16 пати помалку од платата на Норвежаните.
Слично
