Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците против променa на името, Албанците за ЕУ

Македонците против променa на името, Албанците за ЕУ
Речиси половина од македонските граѓани сметаат дека треба да се суспендираат или прекинат преговорите за името под покровителство на Обединетите нации. Анкетата на Македонскиот центар за меѓународна соработка и на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ покажа дека расте отпорот во земјава против промена на името. Според анкетата, 62,4 отсто од граѓаните не поддржуваат никаква промена на името, што е пак речиси за 50% повеќе во однос на расположението во 2010-та година. Меѓу испитаниците Македонци, тој процент достига дури 79,7 отсто. Над 70 отсто од анкетираните се противат во преговорите за името да се дефинира дополнително и државјанството, националноста или името на македонскиот јазик. Граѓаните во голема мера не и' веруваат на Грција дека ако се реши спорот нема да бара други отстапки - дури 32,9 отсто немаат доверба кон ваквото ветување на Атина. Кога би морале да избираат меѓу двата приоритети - ЕУ или името, двата најголеми етникуми во Македонија имаат дијаметрално спротивставени ставови. 64,9 отсто од Македонците би го избрале името, а 68 отсто од Албанците евроинтеграцијата, а разликите меѓу нив по ова прашање се поголеми од претходно. Податоците во анкетата се толкуваат како знак дека колку подолга е грчката блокада, толку повеќе во Македонија опаѓа оптимизмот околу решавањето на спорот за името. Според шефот на дипломатијата Никола Попоски, ваквиот тренд е одраз на реалноста, бидејќи граѓаните не чувствуваат вистинска желба кај Грција за постигнување решение со кое двете страни можат да живеат.
Слично

Поврзани вести