Македонците потешко ќе патуваат во Кипар, еве зошто...
Македонците потешко ќе можат да патуваат на Кипар. Македонија од зелената e преместена во портокаловата категорија за патување.
Според „Процена на епидемиолошкиот ризик на земјите во врска со Ковид-19“ објавена од Министерството за здравство на Кипар, Северна Македонија, заедно со уште пет држави е преместена од зелената во портокаловата категорија за патување на островот и потребен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред поаѓањето, јави дописничката на МИА од Атина. Новата категоризација на земјите стапува во сила во четврток, на 19 август, а направени се вкупно 11 промени што се однесуваат на исто толку земји.
Освен Македонија, во втората категорија префрлени се и Австрија, Бугарија, Летонија, Словенија и Канада, Хрватска од портокаловата преминува во зелената зона, а Литванија, Србија, Белгија и Шведска веќе се во црвената категорија.
