Македонците од премиерот на Малта побараа поевтино сместување
Претставници на македонската заедница што живее и работи во Малта се сретна со тамошниот премиер Џозеф Мускат и министерката за европски праања и еднаквост Хелена Дали и, меѓудругото, побараа од нив да се регулира начинот на кој им се наметнуваат скапите кирии за сместување.
Од Македонската заедница во Малта, Максимилијан Казаков, велат дека за прв пат биле примени во кабинетот на премиерот и дека средбата била историска.
„На средбата се разговараше на повеќе теми кои се од интерес за македонските граѓани и тоа: проблеми со кои се соочуваат нашите граѓани , а особено се освранвме за влез во државата, потешкотии и непријатности кои се појавуваат при аплицирање за работна дозвола, се осврнавме и на потребата за конечно и системско решавање на проблемот со високите цени за сместување и манипулациите со кои се соочуваме од страна на некои сопственици на станови, разговаравме за можноста за интензивирање на соработката помеѓу Македонија и Малта на економски но и на културен план“, велат од таму.
Од премиерот и министерката добиле уверување дека на овие прашања или веќе се работи или наскоро ќе започнат работни средби за тие да се олеснат.
„Во знак на Благодарност за приемот од страна на Премиерот му подаривме икона со ликот на Исус Христос како симбол на христијанството на кои припаѓаат двата народи , добро познато Македонско вино , сли ка со ликот на Мајка Тереза како и рачно изработени филиграни ПАФТА ( невестински украс од 18 век )“, објавија од заедницата.
Заедницата на Македонци е една од најбројните во Малта и секоја година Македонците се меѓу петте најбројни странски заедници на странци што добиле работна дозвола од островската земја на Медитеранот. Се претпоставува дека таму работат и до 20.000 Македонци.
