Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ СО СВОЈАТА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА: Кои се народите кои дадоа обратно мислење?

МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ СО СВОЈАТА ФИНАНСИСКА СОСТОЈБА: Кои се народите кои дадоа обратно мислење?

Македонците се во групата на оние кои не се задоволни од својата финансиска состојба, покажаа податоците кои неодамна ги објави Евростат. Слична е ситуацијата и во соседството. Граѓаните од околните држави исто така дале ниски оценки за задоволството од финансиската состојба.

Ако просечната оценка за финансиската состојба во Европската Унија(ЕУ) е 6.6, според мапата на Евростат, во Македонија таа е помалку од 5.3. Слична е состојбата и во Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Бугарија.  Во истата група спаѓа и Турција.

„Нормално дека луѓето во Македонија не се задоволни од финансиската состојба и самото иселување го покажува тоа. Мое мислење е дека можеме да ги стигнеме развиените држави и ние да бидеме финансиски задоволни, но со многу работа, со чесност и да има координација на политичката сцена за да може државата добро да функционира“, рече граѓанка на Македонска Каменица.

Но, нема оптимизам кај граѓаните дека за брзо време можеме да имаме промени на ова поле.

„Не се задоволни луѓето од финансиската состојба. Ќе треба многу време, постепено треба многу околности да се сменат и да се постигне поголемо задоволство. Влијаат многу фактори и начин на живеење, квалитет на живот, сето тоа влијае врз задоволството“, вели социологот Лидија Илијевска.

Во 2022 година, во просек, луѓето во ЕУ ја оцениле својата финансиска состојба со 6,6 на скала од 0 до 10. Оваа вредност е малку пониска во споредба со вкупната оценка за задоволство од животот од 7,1 за истата година.


Највисоки нивоа на финансиско задоволство има во Холандија и Финска, двете се со оценка 7,6, Швајцарија има оценка од 7.5, по што следуваат Шведска со 7,4, иста оценка има и Норвешка, а Австрија е со оценка од 7,3. Белгија е со резултат 7.1, додека Ирска е со оценка од 6.8.

Италија има оценка од 6.7, Кипар 6.4 како и Литванија, додека Луксембург има повисока оценка односно 6.8. Иста оценка од 6.8 има и Малта. Во Романија има подобрување и за разлика од претходните години сега граѓаните дале оценка 7 за својата финансиска состојба. Словенија добро котира, има оценка од 6.7. И кај Хрватите има подобрување, со што сега оценката е 5.7.

На другиот крај од скалата, имаше 6 земји од ЕУ каде што нивото на задоволство беше под 6, што значи дека луѓето се незадоволни од својата финансиска состојба. Најниска оценка е регистрирана во Бугарија со 4,6, по што следуваа Грција (5,3),  Словачка (5,8), Унгарија и Латвија (обете со 5,9). 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести