Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците не им веруваат на регулаторните тела

Македонците не им веруваат на регулаторните тела
Слаба е довербата на македонските граѓани во регулаторните тела и комисии, покажа истражувањето што го спроведе Институтот за човекови права. Иако независните регулаторни тела и комисии, согласно законските одредби треба да ги штитат интересите на граѓаните, сепак најчесто се доживуваат како пристрасни и зависни. Така дури речиси 80% од граѓаните се изјасниле дека главно или целосно антикорупциската комисија е селективна во постапките против определени функционери во зависност од нивната политичка припадност. Исто толкав процент одговориле дека главно или воопшто одлуките на Советот за радиодифуција не се непристрасни. „Постои недоверба на граѓаните и на правните лица кон работата на независните комисии и регулаторните тела поради нискиот степен на транспарентност, отчетност и отвореност, а тоа остава широк простор за сомневање во значителното политичко влијание врз работата на овие тела, поради што, граѓаните не ги доживуваат овие институции како бранители на нивните права“, вели претседателката на Институтот  Маргарита Цаца Николовска. Речиси половина од анкатираните, односно 46% сметаат дека Регулаторната комисија за енергетика ги следи само потребите на државата при утврдување на цените на струјата, нафтата и парното. Освен ова, најголем дел од граѓаните веруваат дека во сите овие тела членовите се назначуваат по партиски и политички клуч. За да се подобри довербата во овие институции, Институтот за човекови права сугерира членовите на регулаторните тела да се избираат транспарентно и тоа исклучиво од редовите на докажаните професионалци во одредена област.
Слично

Поврзани вести