Mакедонците најмногу сакаат да возат германски автомобили
Од вкупно продадените возила во Македонија во 2013 година, 35 отсто се од германски производители. покажуваат статистичките податоци на Сојузот на стопански комори на Македонија.
Кога станува збор за изборот на горивото пак, 65 отсто од македонските купувачи во 2013 година одлучиле да возат дизел автомобил, 47 отсто избрале возило со зафатнина на мотор меѓу 1.500 и 2.000 кубика. Според каросериската изведба, 21 отсто од купувачите се одлучиле да набават мал автомобил, а 35 отсто преферирале да возат компакт автомобил.
Податоците ги објави компанијата Ми-Да Гранд Моторс, увозникот на Форд во Македонија, која од овој месец започнува кампања „Дизел е во тренд”
Слично
