Македонците можат само да сонуваат за парите кои за работен час ги земаат Европјаните
Македонските работници се далеку зад европските ако се спореди колку заработуваат за еден работен час.
Македонците во просек земаат по 3,2 евра на час.
Тоа е три пати помалку од некои европски земји, каде за работен час се плаќа по 10 евра.
Лани просекот во Европската унија изнесувал 23,1 евро за еден работен час.
Според податоците од Евростат во 2018 година, најслабо платени биле работниците во Бугарија и Романија, каде за еден работен час добивале 5,5 евра. Следуваат Полска каде работниците добиваат во просек 6,3 евра за час, Унгарија сo 8,4 евра за час, Хрватска со 8,5 евра за час, Латвија со 8,6 евра за час и Чешка со 10,1 евра.
Луксембург е земја лидер, каде надоместот за еден работен по работник лани бил дури 43,8 евра.
Во нашата земја постои и голем јаз меѓу најниската и највисоката плата.
