Македонците меѓу најчестите имигранти што работат „на црно“ во Словачка
Бројот на откриени работници „на црно“ во Словачка минатата година драстично се зголемил. Трудовите инспектори откриле 1.323 лица кои работеле непријавени во 2013 година, што е двојно повеќе од претходната 2012 година.
Меѓу нив, биле откриени и 22 имигранти кои без дозвола работеле во Словачка. Повеќето од нив биле од Кина, Виетнам, Полска, Албанија, Македонија и Јужна Кореја.
Од Инспекторатот за труд на Словачка сметаат дека зголемениот број на откриени случаи на работа „на црно“ се должи на зголемениот број извршени контроли во фирмите во текот на 2013 година. Пропусти биле откриени кај 658 работодавачи кои го прекршиле законот. Казни биле изречени на 441 работодавач, кои вкупно ќе треба да платат над еден милион евра затоа што ангажирале непријавени или илегални работници.
Слично
