Македонците меѓу најбројни баратели на дозволи за престој во Хрватска
Над 2,3 милиони лица добиле дозвола за престој во некоја од земјите-членки на Европската унија во 2013 година, покажаа податоците што ги објави Евростат.
Според нив, бројот на издадени дозволи е зголемен за 12,5% во однос на 2012 година, но намален за 7% во однос на 2008 година. Ова се должи пред се на намалениот број на работни дозволи во однос на 2008.
Во 2013 година најмногу дозволи за престој се издавале од семејни причини - 28,5% од вкупниот број.
Македонските граѓани се наоѓаат на врвот на листата на баратели на дозволи за престој во Хрватска. Од вкупно 3.320 вакви дозволи издадени во Хрватска во 2013 година, 1.284 биле издадени на државјани на Босна и Херцеговина, 430 на Срби, а 229 на Македонци. Македонските државјани не се појавуваат на врвот на барателите на дозвола за престој во останатите земји-членки на ЕУ.
Слично
