Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците дневно трошат 20 милиони долари за стоки од увоз!

Македонците дневно трошат 20 милиони долари за стоки од увоз!
Просечно дневно во првите осум месеци годинава нашиот трговски дефицит расте за 6,66 милиони долари Македонија просечно дневно троши 20 милиони долари за увоз на стоки во првите осум месеци, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика објавени деновиве. Наспроти увозот, нашата економија дневно во странство извезува стоки во вредност од 13,37 милиони долари. Македонскиот трговски дефицит на дневна основа изнесува просечно 6,66 милиони долари во периодот јануари – август оваа година. Според официјалните податоци на статистичарите, очекувано, Германија е нашиот најголем трговски партнер. Воедно Германија апсорбира најголем дел од македонскиот извоз и со најсилната европска економија имаме позитивна трговска размена односно суфицит. Обемот на размената со Германија изнесува 1,85 милијадри долари. Од тоа извоз е 1,32 милијарди долари, а увоз е нешто повеќе од половина милијарда долари. Очекувано и на страната на увозниците. Најголем увозник во Македонија е Велика Британија. Од таму во првите осум месеци годинава дошле стоки во вредност од 613,3 милиони долари. Нашиот увоз во Велика Британија е значајно понизок и изнесува само 43,3 милиони долари. Увозот од Велика Британија во Македонија е во најголема мерка за потребите на индустријата „Џонсон Мети“. Од соседните држави Македонија најголем обем на размена има со Грција. Обемот е 619,5 милиони долари, а 455,9 милиони долари се увоз во Македонија. Грција е трет по големина поединечен увозник во земјава по Велика Британија и по Германија. Нашиот извоз во Грција изнесува 163,6 милиони долари. Соодносот е безмалку 3 напсрема 1 во корист на Грција. Голем дефицит имаме и со соседна Србија. Нашиот извоз таму е 167,75 милиони долари, а увозот е речиси 2,5 пати поголем и изнесува 400 милиони долари. Состојбата со Бугарија е многу поизбалансирана во споредба со претходните две соседни земји. Нашиот извоз таму изнесува 212,5 милиони долари, а од таму увезуваме стоки во вредност од 253,75 милиони долари. На листата најголеми трговски партнери е уште и Косово. Во оваа размена традиционално имаме висок и значаен суфицит. Македонскиот извоз на Косово е 153 милиони долари во првите осум месеци годинава и е шест пати поголем од увозот на косовски стоки во Република Македонија. Благодарејќи на производителот на авотбуси „Ван Хол“ нашата земја стана голем трговски партнер на Белгија. Во првите осум месеци таму сме извезле стоки во вредност од 102,9 милиони долари. Увозот од Белгија во истиот период изнесува 45 милиони долари. Од другите големи трговски партнери уште да дополниме за размената со Кина е 318,5 милиони долари од кои 278,9 милиони долари се увоз. Со Руската федерација вкупната размена е 110 милиони долари и во сооднос од 5 наспрема 1 во корист на нивниот увоз во нашата земја. Размената со САД е 122 милиони долари од кои наш извоз е 23,2 милиони долари, а увозот 99 милиони долари. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести