Македонците четврти баратели на азил во Германија – ќе ни се вратат ли визите?
Германската сојузна држава Баварија бара построги мерки за ограничување на бројот на азиланти од земјите на пораншена Југославија. Министерот за внатрешни работи Јоаким Херман официјално се обратил до сојузната Влада во Берлин да преземе мерки за да се спречи „масовната злоупотреба на правото на азил“.
Притоа, како прва мерка, Херман бара да се укине правото на државна помош заради која многу од овие луѓе доаѓале во Германија.
„Заради нивните барања за азил (на луѓето од поранешна Југославија) значително се продолжува времето за обработка на барањата за луѓето од земјите во кои навистина може да се зборува за политички прогон“, рече Херман.Македонија е четврта на листата на баратели на азил во Германија, со вкупно 9.418 барања поднесени во 2013 година, но е втора од земјите од поранешна Југославија. Бројот на поднесени барања за азил од Македонија во Германија минатата година се зголемил за 36,7%. Прва на листата е Србија, со 18.001 барања за азил или зголемување од 40% в однос на 2012, на шестото место е Босна и Херцеговина со 4.847 (раст од 104,4 отсто) и на седмото е Косово со 4.423 барања за азил (раст од 74,5 отсто). Во меѓувреме, Германија до сега не одобрила ниту едно барање за азил на граѓани од овие земји. Неодамна, Европската унија го усвои олеснетиот механизам за враќање на визниот режим за земјите кои ќе ја злоупотребуваат визната либерализација и чии граѓани масовно ќе се обидуваат без основа да добијат азил во земјите-членки на ЕУ.
Слично
