Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како влезот во ЕУ ќе ни ги смени каматите за кредитите

Како влезот во ЕУ ќе ни ги смени каматите за кредитите

Ќе донесе ли влезот во ЕУ поевтини кредити? Ова го очекуваат поголем дел од граѓаните а го ветуваат и банкарите.

Очекувањата се дека банките ќе ги намалат заработувачките, а ќе поевтинат кредитите за граѓаните, кога же се снижи каматната маргина која во моментов е 5 отсто.

Антонио Аргир - Претседател на УО на НЛБ Банка смета дека кога Македонија ќе влезе во ЕУ каматната маргина ќе се намалува под притисок на активноста на банките и инвестициите.

„Профитабилните банки се важни за економијата, па затоа ако работиме само во насока на намалување на кредитната маргина а нема да имаме нови инвестиции значи дека банките ќе се најдат во непрофитабилна ситуација“, посочува Аргир.

Наспроти него, експертите пак се убедени оти дека а високиот профит на домашните банки произлегува токму од каматната маргина.

90 милиони евра е сумата која ја прокнижиле домашните банки во првите шест месеци годинава.

Слично

Поврзани вести