Македонци се вратија од Израел со лет испратен од „Ер Србија“
Државјани на Србија, и неколку од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска, кои беа евакуирани од Израел, околу два часот по полноќ, пристигнаа во Белград со специјален лет на „Ер Србија“ од Шарм ел Шеик, организиран од Владата на Србија и Министерството за надворешни работи.
Специјалниот лет, кој тргна од Белград вчера околу 17 часот, пристигна во Шарм Ел Шеик околу 21 часот по локално време, и се врати со 67 граѓани на Србија евакуирани од Израел, меѓу кои и мали деца, јави РТС. Првично беше организирано преминување по копно на египетската граница, односно превоз до аеродромот во египетско одморалиште.
Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Дамјан Јовиќ кој беше испратен во Египет за координирање на акцијата, вели дека покрај фактот дека станува збор за хуманитарно прашање, тоа е и пораката што Република Србија сака да ја испрати дека „сакаме најдобри и најблиски односи исполнети со солидарност со нашите соседни земји, Црна Гора, Северна Македонија, Босна и Херцеговина“.
Првиот авион од Дубаи со српски државјани слета во Белград вчера. Авион на „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати со српски државјани слета на аеродромот во Белград.
