Mајките во Германија заработуваат 30.000 евра помалку од жените без деца
Германските мајки заработуваат 30.000 евра помалку од жените без деца, покажува студијата.
Губењето на приходите кај жените по раѓањето на нивното прво дете е значително поголемо во Германија отколку што претходно се претпоставуваше, според студија на Центарот за европски економски истражувања „Лајбниц“ ZEW, во која имаше увид „Ројтерс“.
Во четвртата година по породувањето, мајките заработуваат во просек речиси 30.000 евра (35.000 американски долари) помалку од жените на иста возраст без деца, според студијата спроведена заедно со холандскиот Универзитет Тилбург.
Загубите се различни во зависност од тоа колку години има жената при првото раѓање, според студијата спроведена меѓу 186.000 мајки.
„Доколку жените станат мајки за прв пат под 30-годишна возраст, покрај загубите на приходи, тие исто така пропуштаат важни кариерни чекори во раната фаза од нивниот работен век“, рече коавторот на студијата Лукас Ридел.
Жените кои раѓаат деца во подоцнежен момент веќе ја поминале оваа фаза, која често вклучува висок раст на платите, и се етаблирале на пазарот на трудот, велат истражувачите.
foto freepik.com